Најшироко распостранет мониторинг на зелена енергија во светот повеќе од 80 години
ТРАНСМИТЕРИ НА ВЛАЖНОСТ И ТЕМПЕРАТУРА
Влагата е еден од доминантните фактори што го ограничуваат животниот век на трансформаторот. За ефикасно управување со животниот век на трансформаторот, содржината на влага во системот за изолација треба да се чува на ниско ниво.
Влагата и топлината овозможуваат оптимално опкружување за различните соединенија во маслото - како што се киселините и металните јони - да реагираат со молекулите на целулозата и да ги разградат. Ова е важно бидејќи кога содржината на вода во хартијата ќе се удвои, може да го намали преостанатиот век на трансформаторот на половина.
“Online”мониторингот дава вистинска и реална слика за нивото на влага во сите услови на работа. “Online” мониторингот му дава на операторот вредни информации за количеството на влага (вода), во маслото овозможувајќи дополнителни анализи, како што е проценка на ризикот од заситеност на влагата и намалена јачина на диелектрикот. “Online”мониторингот му овозможува на операторот да открие ризици во врска со влажноста и другите рани знаци на дефекти - и да реагира соодветно.
VAISALA MMT 330
Трансмитерот на температура и влажност – ММТ330 детектира и мери влажност на маслото на трансформаторот, обезбедувајќи точна, во реално време инсромација за состојбата на маслото на трансформаторот. Трансмитерот врши мониторинг на нивото на влага во маслото во амбиентални и работни услови и е компатибилно со сите видови на изолациони масла. Лесно се инсталира и директно се поврзува со Скада системот. Прочитај повеќе...
VAISALA MM 70
Рачниот трансмитер за мерење на влажност и температура ММ70 е лесен инструмент за воочување на жешки точки кај трансформаторот и проблеми со влага. Нема потреба од исклучување или празнење на трансформаторот бидејќи пробата може директно да се вметне во процесот преку кружниот вентил. Прочитај повеќе...
Indigo 520 – Трансмитер со двојна проба и мултипараметри, нуди многу дополнителни можности. Паметните проби на инструментот содржат проби за детектирање и мерење на влажност како: (HMP3, HMP4, HMP5, HMP7, HMP8 and HMP9), проби за детектирање на росење како: (DMP5, DMP6, DMP7 and DMP8), проби за детекција на јаглероден диоксид: (GMP251 and GMP252), проба за детекција на вода во маслото ММР8, температурна проба ТМР1 и проби за испарен водород пероксид НРР270. Овој трансмитер е компатибилен и со МНТ410. Може да користи две проби симултано.Прочитај повеќе...
