Најшироко распостранет мониторинг на зелена енергија во светот повеќе од 80 години

ОПТИМИЗАЦИЈА НА БИО-ГАСНИ ПОСТРОЈКИ

 

Производството на биогас обезбедува огромни можности и за луѓето и за планетата. Производството на биогас е органски процес. Колку подобро ќе можете да го следите целиот ваш процес и да реагирате на недоследностите кои може да се појават, толку процесот станува поефикасен. Добијте поголема вредност од отпадот: подобрување на концентрацијата на CH4 и квалитетот на биогасот преку навремени активности врз основа на стабилно "online" мерење.

За да го подобрат профитот производителите бараат начини да го зголемат електричниот излез на нивните комбинирани мотори (на топлина и моќност)  и паралелно да ги намалат оперативните трошоци потребно им е да ги снабдат моторите со високо-квалитетен биогас кој содржи што поголемо количество на метан и што помало количество на вода. За да се добие максималното количество метан создадено од согорувањето на био-отпадот и да се намалат нестабилностите во процесот навремено, потребно е инженерите да може постојано да ја контролираат концентрацијата на метан. Воедно треба да ги штитат моторите од вишокот на влага (вода и H2S создаваат корозивна комбинација која може да предизвика испади или долгорочна штета на моторот или останатите компоненти од процесот). Активните јаглеродни филтри кои се користат за остранување на Н2Ѕ и силоксан се исто така чуствителни на вода (влага). Со пролонгирање на нивната замена постројката може да ги намали своите оперативни трошоци. Дополнителна оптимизација на изменувачот на топлина се добива доколку се врши мониторинг на водена пареа во биогасот.

Vaisala произведува уникатна мерна проба за паметна контрола на квалитетот на биогасот MGP261 – врши мерење на метан, јаглероден диоксин и вода.

  • Врши компактни и стабилни 3 во 1 мерења, контрола на влажноста со цел да се намали присуството на вода на моторот или останатите компоненти од процесот
  • ЕХ сертифицирана и може да се инсталира во опасни локации
  • Не содржи пумпи за земање на примероци, или остранливи ленти
  • Автоматска калибрација
  • Принципот на работа се заснова на патентираната CARBOCAP технологија која 20 години е лидер во инфрацрвено мерење на гасови

VAISALA MGP261

Vaisala CARBOCAP® MGP261 Multigas пробата за метан, јаглерод диоксид и влажност помага во подобрување на вашиот процес и во заштита на моторот кај процесите со искористување на комбинирана топлина и моќност (CHP). Сондата MGP261 е со компактна големина, сертифицирана и може да се инсталира директно во гасоводот, без потреба од земање на примероци.

Сондата за мерење е погодна за апликации како што се анаеробно варење на депонијата, индустриски и комунален отпад, третман на отпадни води, мониторинг на мотори кај  CHP, како и активен мониторинг на јаглероден филтер. Прочитај повеќе...