Бизнис
Vaisala им нуди на своите клиенти широка понуда на производи и услуги за подобро одлучување, зголемена продуктивност и подобра безбедност и квалитет, со децениско искуство во производство на инструменти за мерење. Нашите инструменти се користат за мерење на феномените поврзани со временските услови и условите на животната средина и во индустриските процеси.
Време и Животна средина
Одделот за временските услови и животна средина служи на избрани пазари зависни од временските услови нудејќи во реално време, непрекинати и веродостојни податоци за временските услови.
Главни пазари: метеорологија, авијација, копнен транспорт и обновлива енергија
Индустриски мерења
Индустриските мерења на Vaisala нудат широк спектар на точни и сигурни инструменти за мерење кои им помагаат на клиентите да ги оптимизираат своите процеси, да ја подобрат ефикасноста, да ја минимизираат потрошувачката на енергија и да обезбедат висок квалитет на нивните крајни производи.
Главни пазари: висока стапка на влажност и јаглерод диоксид, системи за континуиран мониторинг, моќност и мерења на течности.
Производите на индустриските мерења го подобруваат квалитетот, продуктивноста, енергетската ефикасност и им помагаат на клиентите да ја исполнат регулаторната усогласеност. Клиентите работат во различни видови на опкружувања - од полупроводнички фабрики и високи згради до електрани и мали инкубатори - каде што сигурното мерење и следење на околните услови се предуслов за успешно работење. Производите и системите на Vaisala се користат за мерење и следење на температурата, влажноста, точката на росење, притисокот, јаглерод диоксидот, влагата во маслото и растворените гасови во маслото од трансформаторот.
Производство и пренос на електрична енергија
За производство и пренос на електрична енергија Vaisala обезбедува единствена опрема за ‘’online’’ мерење и набудување на гасови во изолационото масло на трансформаторот. Со тоа се поттикнуваат и поддржуваат планирањето и оптимизирањето на превентивното одржување на енергетските трансформатори, а тоа помага да се продолжи нивниот животен век и да се намали ризикот од неочекувани и скапи испади.