Најшироко распостранет мониторинг на зелена енергија во светот повеќе од 80 години

МОНИТОРИНГ НА СОЛАРНА РАДИЈАЦИЈА

 

Системот за предвидување на временските услови на Vaisala е основан на напредни нумерички техники за моделирање. Статистички интегрира податоци за да предвиди временска состојба за соосдветната клима и географска положба. Се користат податоци превземани на секој час во последните 20 години за да се обезбедат доверливи и точни предвидувања за сончевото зрачење.

Методологија- Се користи нумерички модел со отворена дата-база која постојано се подобрува и се прикажуваат нови тековни податоци од страна на интернационалното друштво за атмосферскинауки и истражувања.

Карактеристики- Алатки за дневно предвидување, можност за преземање на предвидувањата, споредба на тековните со претходни временски услови, побрзо вчитување и прилагодлив кориснички интерфејс.

Зачестеност - Податоците се обновуваат на секои 6 часа овозможувајќи часовни предвидувања и предвидувања за соларните услови 60 часа унапред.

Безбедност - Лесно поставување на сопствен систем за пристап до податоците со  сопствено корисничко име и лозинка. Дополнително, можно е да се обезбеди безбеден трансфер на податоци заштитен со лозинка.

VAISALA CAISO Zonal Solar Power Forecasts

CAISO SP-15, ZP-26, and NP-15 соларни предвидувања 0-6 денови унапред
▪ Часовно обновување на податоците
▪ Флексибилен екран кој покажува 3TIER Blend, Public forecast
▪ P10 и P90 интервали на предвидување
▪ Брза API за интегрирање во MS Excel или други системи
▪ 6-месечни предвидувања на соларно зрачење Прочитај повеќе…